Достапни линкови

Џафери отпуштен од болница и ќе ја води конститутивната седница


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери кој неодамна беше хоспитализиран денеска заминува од Клиниката за инфективни болести.

„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“, изјави Џафери.

И од неговиот кабинет потврдија дека Џафери ќе претседава со конститутивната седница на Собранието. Утре напладне треба да се одржи конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав во независна Македонија, по предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули.

Конститутивна седница со протоколи за заштита од коронавирус

Седницата ќе се одвива според посебни протоколи и критериуми за заштита од коронавирусот. Поради неопходноста од одржување растојание меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието, односно во салата, позната како Голема купола. Ќе бидат обезбедени и заштитни маски за пратениците. При влезот во зградата на Собранието, на пратениците, гостите и на претставниците на медиумите ќе им биде мерена температура,а на сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција.

XS
SM
MD
LG