Достапни линкови

Се зголемува бројот на шумски пожари во Амазон


Бројот на шумски пожари во бразилски Амазон се зголеми за 28 проценти во јули во однос на истиот месец минатата година, што ја зголеми загриженоста дека „белите дробови“ на планетата и оваа година ќе бидат уништени од пожари. Бразилската национална вселенска агенција вчера соопшти дека забележале 6801 пожари во Амазон минатиот месец, за разлика од 5318 во јули 2019 година.

Организациите за заштита на животната средина се загрижени дека зголемувањето на пожарите во јули може да биде предвесник за уште полоша ситуација во август. Според податоците од вселенската агенција, во првите шест месеци од годинава изгореле над 3 илјади квадратни километри шума во бразилски Амазон. Тоа е територија голема колку Луксембург и е за 25 проценти поголема од изгорената површина во истиот период лани.

Бразил со војска ќе ја чува Амазонија

Пожарите се само дел од уништувањето на шумите. Дрвосечачите прво нелегално ја сечат шумата, па ја палат за да добијат земјиште за земјоделство, одгледување стока или рударство. Сезоната на пожари во Амазон обично е од јули до октомври.

Експертите предупредуваат дека резултатите би можеле да бидат катастрофални. Пожарите ја влошуваат состојбата во бразилскиот регион Пантанал, најголемото мочуриште во светот со големина на Франција. Научниците велат дека освен заштита на биодиверзитетот, дождовните шуми се од клучно значење за апсорбирање на стакленичките гасови одговорни за климатските промени.

XS
SM
MD
LG