Достапни линкови

Грчката граница со Македонија останува затворена


Илустрација

Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, со Албанија и со Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници продолжуваат да важат до 15 август, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, јави МИА од Атина.

Денеска истече одлуката од 15 јули за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција што сега е продолжена за дополнителни 15 дена.

XS
SM
MD
LG