Достапни линкови

Во прекуграничен оган од Пакистан убиени 15 цивили во Авганистан


Илустрација - Прирпадници на авганистанските безбедносни сили

Најмалку 15 авганистански цивили се убиени денеска во прекугранично гранатирање од страна на Пакистан. Таквиот потег го натера Кабул да ги стави во состојба на приправност своите копнени и воздушни сили.

Бомбардирањето од страна на Пакистан уследи по судирите меѓу пакистанските и авганистанските безбедносни сили на затворениот граничен премин Чаман-Спин Болдак, каде што луѓе чекаа да преминат од двете страни на границата за да го прослават муслиманскиот празник Куран Бајрам.

Авганистанското Министерство за одбрана денеска соопшти дека им наредиле на вооружените сили да возвратат со целосна сила на нападите од пакистанската армија.

Пакистанските власти соопштија дека протестот против затворањето на границата настанале, но дека не се користело жива муниција. Сепак активистите го обвинија Пакистан дека отворил оган врз демонстрантите и дека имало и прекугранично гранатирање.

Меѓу Авганистан и Пакистан има граница долга 2430 километри. Ретко се случуваат судири меѓу соседните држави долж де факто границата позната како линијата Дуранд, но односите се сметаат за напнати.

XS
SM
MD
LG