Достапни линкови

Бомбашки напад во Авганистан, осум загинати


Илустрација - Припадници на авганистанските безбедносни сили

Во напад на бомбаш самоубиец врз конвој на авганистанската армија, во округот Сајед Абад во авганистанската провинција Вардак, загинаа осуммина војници, јави АП. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Претставник на авганистанското Министерство за одбрана изјави дека бомбашот самоубиец во возилото активирал експлозивна направа во округот Сајед Абад во провинцијата Вардак и убил осум, а ранил девет војници.

XS
SM
MD
LG