Достапни линкови

Работната група за „Скопје 2014“ бара да се врати стариот лик на фасадите во Мал ринг


Илустрација

Работната група за справување со последиците од т.н. Проект „Скопје 2014“ упати допис по повод јавната анкета за ДУП Мал Ринг на Општина Центар, со барање да бидат обележани и дислоцирани сите незаконски подигнати споменици, како и да биде вратен стариот лик на фасите во тој дел од градот.

Работната група соопшти дека според основа на увидот во целокупната документација, утврдила дека при одлучувањето, финансирањето, изработувањето и подигањето на спомениците и другите артефакти, во сите случаи, без исклучок, биле прекршени предвидените законски процедури.

Тие го разгледале и Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје за планскиот период од 2019-2024 и утврдиле дека во него не се внесени постојните споменици и констаирале дека во предложениот документ, не постојат ниту плански одредби и мерки за решавање на проблемот на незаконските споменици и други градби од т.н. проект „Скопје 2014“.

XS
SM
MD
LG