Достапни линкови

Видео самит на балканските лидери


Лидерите на шест земји од Западен Балкан ќе учествуваат на денешниот видео самит организиран од Атлантскиот совет со седиште во Вашингтон, посветен на конкретните потези за зајакнување на регионалната економска соработка и привлекување странски инвестиции. Како што е објавено на веб-страницата на Атлантскиот совет, на самитот ќе учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти, албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на С. Македонија Стево Пендаровски, претседателот на министрите на Советот на БиХ Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ.

Балканот е на патот кон членството во ЕУ

„Очекуваните економски и социјални последици од пандемијата ковид-19 на Балканот бараат итна регионална акција за да се избегне трајна економска стагнација и потенцијалната нестабилност што доаѓа со тоа“, нагласува Атлантскиот совет од каде што очекуваат поголема економска соработка во регионот.

XS
SM
MD
LG