Достапни линкови

Балканот е на патот кон членството во ЕУ


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по вчерашниот самит ЕУ-Западен Балкан рече дека биле донесени „некои многу важни решенија кои покажуваат солидарност“, вклучително и најавената одредба од 3,3 милијарди евра помош за регионот. На заедничката прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија земја моментно е претседател на Унијата, Мишел потсети и на одлуката за отворање разговори за членство со Албанија и Северна Македонија. 27-те лидери на Европската унија на состанокот ја дадоа својата „недвосмислена поддршка“ за шесте балкански држави да станат членки на блокот и понудија поголема финансиска поддршка за да му помогнат на регионот да се справи со кризата со коронавирусот.

ЕПП - Западен Балкан не смее да падне во замката на руските дезинформации

По самитот со лидерите на Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Босна и Северна Македонија, шефовите на ЕУ во завршната декларација ветија „стабилен економски и инвестициски план за регионот“. Како и да е, во изјавата на лидерите се вели дека сите балкански надежи мора да ги следат целите на надворешната политика на ЕУ, што, според оценките е притаена забелешка за загриженоста за земјите што се приближуваат кон Русија и Кина, за кои ЕУ вели дека не нуди ист пат да станат просперитетни демократии.

XS
SM
MD
LG