Достапни линкови

Дендиас: С. Македонија во ЕУ е стратешки избор и за Бугарија и Грција


Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас

Европската интеграција на Северна Македонија и на Албанија и за Бугарија и за Грција претставува стратешки избор што води до стабилен Балкан, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата во грчкото МНР со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, јави МИА Атина.

Министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија изразија поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, но со почитување на поставените услови.

„И Бугарија и Грција сме фактори на стабилност и ко-развој во нашиот регион. Ние сме помагачи на патот на нашите соседи кон Европската унија, на балканските земји, на Северна Македонија и Албанија, секако, секогаш под услов да се почитуваат поставените услови. Интеграцијата на овие земји во Европската унија и за Бугарија и за Грција претставува стратешки избор што води до стабилен Балкан“, рече Дендиас.

„Тоа е од огромно значење за сигурноста на двете држави, но заедничка е перцепцијата дека треба строго да ги исполнат реформите и да ги следат принципите на добрососедство“, наведе Захариева.

XS
SM
MD
LG