Достапни линкови

Известувачот за Македонија на ЕП бара првата Меѓувладина конференција да се одржи до крајот на 2020


Илустрација- Европски парламент

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук го поздрави изготвувањето на нацрт преговарачката рамка од Европската Комисија и ги побара од земјите членки да ја одржат првата Меѓувладина конференција до крајот на оваа година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија вчера ги предаде предлог рамките до земјите членки на ЕУ, кои треба во наредните месеци да ја усвојат на министерско ниво. Според нацрт агендата на германското претседателство тоа би се случило на 10 ноември. На повикот на Ќучук се придружи и известувачката за Албанија, Исабел Сантос.

Првата Меѓувладина конференција го означува отворањето на првиот кластер на поглавја, посветени на владеењето на правото и правдата. Телевизија 24 денеска јави дека дошле до документот на Европската Комисија и дека договорите со Бугарија и Грција се дел од рамката, а македонскиот јазик е напишан без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.

XS
SM
MD
LG