Достапни линкови

Чулев му ја предаде на Нухиу должноста министер за внатрешни работи


Денеска во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу

Досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој беше негов заменик во МВР.

„По денешното примопредавање на должноста, согласно со постојните законски одредби, Нухиу ќе раководи со Министерството до изборот на нова Влада на Република Северна Македонија, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи“, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG