Достапни линкови

ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеник


Архивска фотографија: Седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија на денешната јавна седница ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули. Според конечните резултати, Коалиција „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ освои 44 мандати, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

Според конечните резултати кои денеска ги објави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, Коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ освои 327.408 гласа, односно 35,89%, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57%, ДУИ освои 104.699 гласови или 11,48%, коалиција Алијанса/Алтернатива освои 80.000 гласови или 8%, Левица – 37.426 гласови или 4,1% и ДПА – 13.930 гласови или 1.53%.

Другите партии кои учествуваа на изборите не освоија пратеници.

XS
SM
MD
LG