Достапни линкови

ЕУ со санкции за Русија, Кина и Северна Кореја за сајбер напади


илустрација

Амбасадорите на Европската унија дадоа зелено светло за санкционирање на воената разузнавачка единица на Русија ГРУ, како и на кинески и севернокорејски ентитети за три одделни сајбер напади во последните години. Неколку извори запознати со досието изјавија за Радио Слободна Европа дека амбасадорите одлучиле да ги замрзнат имотите на ГРУ, кинескиот „Тијанџин Хуаинг Хаитаи“, „Наука и технологија за развој“ и „Северокорејски експо“.

По барање на Вашингтон во Берлин уапсен руски ди-џеј

Ним ќе им бидат замрзнати средствата во ЕУ и ќе им бидат наметнат визни забрани на шест неименувани граѓани од Кина и Русија за кои Унијата сметаат дека стојат зад сајбер нападите на WannaCry, NotPetya и Cloud Hopper. Санкциите, кои формално ќе бидат усвоени пред крајот на јули, се први воведени во ЕУ од страна на нејзиниот нов режим за сајбер санкции, кој беше донесен минатата година и му дозволува на блокот да спроведе визни забрани и замрзнување на средства на лица и субјекти.

XS
SM
MD
LG