Достапни линкови

По барање на Вашингтон во Берлин уапсен руски ди-џеј


Рускиот ди-џеј Денис Казначејев

Рускиот ди-џеј Денис Казначејев, кој живее во германскиот главен град е уапсен за наводно перење пари откако германската полиција добила такво барање од Вашингтон. Руската амбасада во Берлин денеска ги потврди извештаите дека Казначејев, кој ги негира обвинувањата, бил уапсен пред неколку дена. Од амбасадата наведуваат дека се информирани за настанот, но дека не добиле никакви барања од ди-џејот за правна или конзуларна помош.

Во пост на Фејсбук на страницата на Казначејев објавен вчера се наведува дека тој во моментот се наоѓа во притвор во затворот Моабит во Берлин, дека е приведен пред седум дена од германската полиција на барање на американското министерство за правда за екстрадиција во САД поради обвинение за перење пари и други нелегални активности на интернет.

Во истиот пост на Фејсбук се наведува дека Казначејев е невин и можеби е жртва на некои хакери кои го украле неговиот идентитет за да вршат нелегални сајбер активности.

XS
SM
MD
LG