Достапни линкови

Ахмети повикан да сведочи во Хаг


Ахмети: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат силна ДУИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е повикан за сведок од косовското Специјално обвинителство и ќе се појави во Специјалниот суд во Хаг. Ахмети ова го објави на својот фејсбук профил. Во постот наведува дека без двоумење ја прифатил поканата и воспоставил конструктивен и коорперативен контакт со службените лица во Хаг.

„Отсекогаш сум бил поддржувач на неселективна правда и сум на располагање на правосудството за да ја докажам искреноста на ослободителната војна на албанскиот народот напроти геноцидот од српскиот режим на Слободан Милошевиќ“ напиша тој на Фејсбук.

Тачи: Четири дена давав информации за мојата улога во војната

Освен за претседателот на Косово Хашим Тачи, Специјалниот Суд во Хаг, покрена обвинение и за Кадри Весели, претседателот на ДПК, кој во време на воениот конфликт, па се до 2008 ја вршеше функцијата директор на Информативната служба на Косово. Во списокот на обвинети на Специјалниот суд, според косовските медиуми се и други високи функционери на ОВК.

Албанските медиуми јавуваат дека Ахмети бил повикан да се појави во Хаг пред одржувањето на изборите во Македонија.

Ахмети е лидер на ДУИ, партија која беше формирана од основачите на Ослободителната Народна Армија ( ОНА) кои учествуваа во вооружениот конфликт во 2001-вата година.

ДУИ е на власт од 2002 до 2006 година, и по прекинот од две години од 2008 година до сега беше дел од сите владини коалиции.

XS
SM
MD
LG