Достапни линкови

Тачи: Четири дена давав информации за мојата улога во војната


Косовскиот претседател Хашим Тачи го напушта Специјалното обвинителство во Хаг

Косовскиот претседател Хашим Тачи при напуштањето на зградата на Специјалното обвинителство во Хаг по вчерашното осум часовно сослушување рече дека одговорил на сите прашања од Специјалното обвинителство. „Многу сум задоволен што имав можност четири дена да сведочам за сите прашања во врска со моите активности за време на војната и моите напори за мир, стабилност, развој и напредок. Во текот на овие четири дена, јас бев во можност да дадам информации за мојата улога и моите одговорности за време на војната“, изјави Тачи, оценувајќи дека станува збор за продуктивни сослушувања, додека сега останува на обвинителите и судиите да одлучуваат непристрасно.

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

„Ако го сторат тоа професионално, можат лесно да заклучат дека јас не сум извршил никакви воени злосторства“, рече тој, наведувајќи дека војната на ОВК била за слобода и дека тие ја имаат поддршката на светот за тоа. На 24 јуни Специјалното обвинителство објави дека поднело обвинителен акт против Тачи, лидерот на ДПК Кадри Весели и осум други неименувани лица и оти тие биле обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства.

XS
SM
MD
LG