Достапни линкови

Мијалков и Тодоров бараат промени во ВМРО-ДПМНЕ


Илустрација, Сашо Мијалков доаѓа во суд како сведок во случајот „Монструм“, 27.02.2020

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков бара одговорност од лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски за, како што вели, најлоши изборни резултати во историјата на партијата. Според него, шансите ВМРО-ДПМНЕ да ја формира новата влада се речиси еднакви на нула. Мијалков кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ по уставните измени, во интервју што го објавува он лајн порталот Плус Инфо вели дека Мицкоски и највисокото раководство околу себе стават стаклено ѕвоно и ја игнорираат реалноста.

„Повторно со некакви математики кои се разбирливи само за нив, креираат лажна слика и живеат во еден лажен свет. Проблемот е што сега се помалку граѓаните им веруваат. Добар дел и од блиските на Мицкоски не веруваат во оваа лажна слика, но се плашат да кажат дека со политиките кои ги водеа и со неискрениот пристап, не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните“ пренесува порталот од разговорот со Мијалков.

Оваа реакција доаѓа на само еден ден по заклучоците на централниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ за промената на статутот. Во јавноста со реакции се јавија неколку поранешни функционери кои не се дел од актуелното раководство, освен Мијалков, со колумна во Дојче Веле реагираше поранешниот министер за здравство Никола Тодоров,а вчера во пост на социјалните мрежи коментираа и поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски и поранешната пратеничка Даниела Рангелова.

Тодоров вината за изборниот резултат ја наоѓа во, како што вели, погрешните чекори за време на кампањата и негативната реторика која според него ги одвратила гласачите.

„На овие избори не победи СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ загуби. Победи единствено ДУИ. Како победи и зошто е друго прашање и тема која заслужува сериозно да си го ставиме прстот на челото“ напиша Тодоров.

Неколку медиуми јавуваат дека од партијата наместо коментар за реакциите ги посочиле кон став на фејсбук статусот на партискиот секретар за дијаспора и ветеран на партијата Иван Соколов.

„Интересно е како „доктор смрт” и „главната глава на режимот” станаа најпосакуваните ликови на Зоран Заев. И да не ја залажува јавноста, на Мијалков му е важно ЕУ и НАТО, колку што на Пабло Ескобар му биле важни демократијата и принципите. Добро е што со ваквите хорски напади под диригентската палка на Заев се последниот крик на печалбарите во политиката и што ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж зад себе“ напишал на фејсбук Соколов.

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се модернизира

Претходно Поповски ја критикуваше стратегијата на партијата и порача дека не треба да се лаже членството, додека Рангелова порача дека по изборните резултати, очекува од Мицкоски да се повлече од функцијата и да остави простор за ново раководство на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ го ограничи мандатот на претседателот на партијата

На вчерашниот централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа донесен неколку одлуки, меѓу кои му беше и изразена поддршка на Мицкоски како лидер, потоа беа направени измени во Статутот со кои досегашниот почесен претседател на партијата Никола Груевски кој доби азил во Унгарија откако побегна од земјава, повеќе ја нема таа функција.

XS
SM
MD
LG