Достапни линкови

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се модернизира


Антонијо Милошоски

Дополнувањата на Статутот на ВМРО ДПМНЕ од Централниот комитет претставуваат негова модернизација и заслужуваат да бидат поздравени, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, коментирајќи ги најновите статутарни промени.

„Значаен чекор напред во непосредната внатрепартиска демократија е воведувањето на непосреден избор од страна на членството на идните кандидати за општински советници, и идните кандидати за градоначалници. Минатиот труд, личниот углед, довербата кај членството и капацитетот на кандидатот да се носи со обврските на овие позиции ќе добијат на тежина“, напиша Милошоски на наговиот фејсбук профил.

Измените на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ беа направени синоќа по седницата на ЦК на партијата, а ги образложи Панче Тошковски, претседател на Статутарната комисија на партијата.

XS
SM
MD
LG