Достапни линкови

Турција испраќа бродови во потрага по нафта и гас, грчката армија во готовност


турски брод за потрага по нафта и гас

Турција објави распоредување на бродови за пребарување на нафта и гас во спорната област на источниот Медитеран. Тоа ги зголеми тензиите со соседна Грција. Турските власти објавија дека истражувачкиот брод „Орук Реис“ и два помошни бродови ќе пребаруваат до 2 август, јужно од грчките острови Родос, Карпатос и Кастелоризо. „Турција ја зголеми својата агресија кон Грција, Кипар и Европската унија како целина“, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Иако се сојузници во НАТО, Грција и Турција се во судир околу правото на експлоатација на гас и нафта во регионот.

Грција: Планот на Турција да ја прошири потрагата по нафта и гас е провокација

Европската унија и Соединетите држави се повеќе се критични кон Анкара за нејзината намера да ги прошири своите истражувања во области за кои Атина ги смета за свои. Турција тврди дека границите на областа за комерцијална експлоатација треба да бидат „подеднакво“ сметани од грчките и турските крајбрежни линии, а не од грчките острови. Атина го отфрла ова како јасно кршење на меѓународното право.

XS
SM
MD
LG