Достапни линкови

Грција: Планот на Турција да ја прошири потрагата по нафта и гас е провокација


Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас

Грција соопшти дека е решена да се спротивстави на плановите на Турција за проширување на потрагата по нафта и гас во Средоземното море, оценувајќи ги како провокација. Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, изјави дека Атина е „подготвена да се справи со таа провокација ако Турција реши да ја спроведе одлуката“. Грчките власти соопштија дека турскиот амбасадор во Атина е повикан во грчкото Министерство за надворешни работи за да добие протестна нота. Турските власти во текот на викендот објавија план за лиценцирање на државната компанија „Турки петролеум“ да пребарува нафта и гас на Медитеранот, додека Грција тврди дека тоа би било повреда на нејзините суверени права. Одлуката за проширување на подрачјето во кое Турција бара нафта и гас, следеше по минатогодишниот договор меѓу Турција и Либија за поморската зона, што Грција, Кипар и Египет ја сметаат за нелегална.

XS
SM
MD
LG