Достапни линкови

САД обвини кинески хакери за напад на компании кои работат на вакцина против ковид-19


Соединетите Американски држави обвинија двајца кинески хакери за напади на компании нив цел свет, вклучително и на компании кои работат на развивање вакцини против ковид-19. САД обвинува дека хакерите тоа го правеле цела декада, а понекогаш и во соработка со владата.

Со обвинението, објавено денеска од Министерството за правда, исто така хакерите се обвинуваат и за напади на невладини организации, дисиденти и активисти за човекови права во САД и во Кина.

Обвинението доаѓа во исто време кога државниот секретар Мајк Помпео се состана со британскиот премиер Борис Џонсон. Тие разговарале за загриженоста за кинеските активности дома и во странство, вклучително и за кршењето на човековите права.

Американскиот помошник јавен обвинител Демон Дермис рече дека кинеските хакери главно биле насочени кон индустриите со потенцијал за раст во следната деценија. Хакерите напаѓале и компании кои работат на тестирање на вакцини поврзани со ковид-19, рече тој.

XS
SM
MD
LG