Достапни линкови

Помпео и Џонсон разговарле за Кина, 5Г и трговскиот договор


Лондон - Американскиот државен секретар Мајк Помпео и британскиот премиер Борис Џонсон.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека имал конструктивен разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, во време кога и двете земји се обидуваат да се спротивстават на растечкото влијание на Кина.

Помпео и Џонсон денеска се состана во Лондон. Разговорот бил фокусиран на случувањата во поранешната британска колонија Хонгконг, кршењето на човековите права во Ксинџијанг и на кинеската мобилна технологија.

Средбата меѓу Помпео и Џонсон доаѓа откако Велика Британија го суспендира договорот за екстрадиција со Хонгконг, поради ескалацијата на спорот со Кина за законот за национална безбедност што Пекинг го воведе во таа поранешна британска колонија.

На агендата на разговорите бил и новиот договор за слободна трговија меѓу Соединетите Држави и Велика Британија по Брегзитот.

Помпео по средбата со Џонсон на социјалната мрежа Твитер напиша дека разговарале за 5Г технологијата и за договорот за слободна трговија.

САД лобираат кај своите сојузници да ја забранат употребата на 5Г технологијата на Хуавеј, велејќи дека кинеската влада би можела да ја искористи технологијата за да ги шпионира западните сили. Хуавеј ги негира обвинувањата.

Соединетите Држави, Велика Британија и другите западни сили се вознемирија со новиот закон за безбедност, кој Кина го наметна на Хонгконг, велејќи дека со тоа се крши договорот од 1997 година, во кој се бараше „една земја, два система“.

XS
SM
MD
LG