Достапни линкови

Судењето за „Меѓународен сојуз“ прекинато, му се слоши на таткото на Боки 13


Бојан Јовановски - Боки 13

Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски - Боки 13, Миле Јовановски, судењето за „Меѓународен сојуз“ беше прекинато на 30 минути, но се уште не е почнато и нема информации дали ќе продолжи.

Претходно, Јовановски на воведните зборови за „Меѓународен Сојуз“, реагираше дека такви „лаги за оваа организација може да смисли само девијантен и криминален ум“.

Обвинителката Вилма Русковска, во воведните зборови, рече дека Обвинителството има докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот.

Според обвинителството, обвинетите асна Мандиќ, Бојан Јовановски - Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски -Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

XS
SM
MD
LG