Достапни линкови

Почна „Меѓународен сојуз“, Русковска тврди дека парите завршиле кај Боки 13


Обвинителката Вилма Русковска во Суд

Имаме докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот, рече денеска обвинителката Вилма Рускоска во образложението на обвинението во случајот „Меѓународен сојуз“.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Русковска тврди дека Обвинителството има несоборливи докази за обвинетите за делата за кои се товарат.

Во случајот се обвинети Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски - Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

„Да се формира невладина организација е хумано дело, но таа да се темели на лага, дека зад неа стои ЕУ, е врв на девијантен ум. Имаме докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот“, рече Русковска на денешното рочиште.

Таа објасни дека организацијата Меѓународен сојуз била формирана како што треба и на почетокот помагала на ранливи категории, се до моментот кога имале намера да градат станови за возрасни лица.

Како што рече обвинителката, „за таа намера од бизнисменот Силјан Мицевски биле земени 719.000 евра, а од Ардијан Амзоски 233.821 евро, а обвинетата Ременски, пак, била во друштво на Јовановски на средбите со бизнисмените, за да се покаже сериозност во целиот проект“.

XS
SM
MD
LG