Достапни линкови

Египетскиот парламент одобри испраќање војници во Либија


египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси и рускиот претседател Владимир Путин, Сочи, октомври 2019.

Египетскиот парламент го одобри користењето на армијата надвор од земјата, откако египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси се закани со воена акција против силите во Либија, кои се поддржани од Турција. Овој потег може да доведе до директен конфликт меѓу Египет и Турција, блиски американски сојузници кои ги поддржуваат спротивставените страни во либиската граѓанска војна. Ал-Сиси предупреди дека напад на силите поддржани од Анкара врз стратешкиот крајбрежен град во Либија ќе биде „црвена линија“ и дека Египет ќе интервенира воено за да ја заштити западната граница.

Ердоган најави нова ера во односите со САД во врска со Либија

Турција во Либија поддржува единици што се борат на страната на меѓународно признатата влада во Триполи, додека Египет е заедно со силите под команда на Калифа Хафтар кои го контролираат истокот на земјата. Египетската интервенција дополнително ќе ја дестабилизира Либија која е богата со нафта. Либија е во хаос од 2011 година, кога нејзиниот долгогодишен лидер Моамер Гадафи беше соборен, а потоа и убиен. „Либија“ е поделена од 2015 година меѓу две ривалски влади, бунтовничката на исток и меѓународно признатата на запад.

XS
SM
MD
LG