Достапни линкови

Грција ги заостри правилата за странските сезонски работници


илустрација

Грција воведе построги правила за странските сезонски работници по неодамнешниот скок во случаи на ковид-19 на Балканот. Минатата година повеќе од 10.000 сезонски работници беа вработени во земјоделскиот сектор во Грција, главно од Албанија, Бугарија и Северна Македонија. „Земјоделците што ќе излезат од земјата пред 4 август нема да можат да се вратат до понатамошно известување“, рече владиниот портпарол Стелиос Пецас. Сезонските работници беа дозволени во земјата на почетокот на мај под тримесечна посебна лиценца.

Грција пак ги заострува корона-мерките заради состојбата кај соседите

Пецас додаде дека влезот во Грција ќе биде дозволен само преку шест северни гранични премини за подобра контрола на увезените случаи на ковид-19. Грција започна да ги олеснува мерките за заклучување на почетокот од мај, но правилата за социјално растојание сè уште важат. Грцијадосега успеа да го ограничи ширењето на вирусот на нешто над 4.000 случаи, далеку подобро од другите земји на Европската унија, главно како резултат на раното затворање на национално ниво.

XS
SM
MD
LG