Достапни линкови

Словенечки суд: Словенија и Хрватска незаконски протерувале мигранти


илустрација

Словенечкиот управен суд донесе пресуда со која се потврдува дека словенечката полиција извршила незаконско протерување во кое учествувала и Хрватска, а поради што едно лице кое сакало да бара меѓународна заштита во Словенија завршило во Босна и Херцеговина, соопшти словенечката граѓанска иницијатива ИнфоКолпа, а информацијата ја пренесуваат и Загребскиот центар за мировни студии и Мрежата за набудување на граничното насилство.

Според пресудата, станува збор за млад човек Ј.Д. кој бил задржан во словенечката полициска станица два дена и иако трипати поднел барање за азил, неговото барање не му било одобрено, па тој бил илегално депортиран во Хрватска, од каде незаконската постапка продолжила со депортација во Босна и Херцеговина.

Затоа сега, Словенија мора да му овозможи на 24-годишниот човек да се врати во Словенија, да му дозволи да побара азил таму и да му плати обештетување во висина од 5.000 евра.

Пресудата, објавена оваа недела, сè уште не е правосилна, но според невладините организации, е важен преседан преку кој не само што се утврдува кршење на човековите права, туку се докажува дека синџирот на нелегални депортации во БиХ, со помош на хрватската полиција, е „систематски и рутински“.

„Овој случај е силен показател за институциите на Европската унија што се случува на нејзината територија, и на нејзините надворешни но и внатрешни граници, а тоа е кршење на човековите права и владеењето на правото“, предупредуваат невладините организации.

XS
SM
MD
LG