Достапни линкови

Словенија ја засили граничната контрола заради мигрантите


Илустрација - Словенечки полицајци во близина на границата со Хрватска

Словенија распореди повеќе од 1.000 дополнителни полицајци на границата со Хрватска, поради зголемениот прилив на мигранти по таканаречената балканска рута, соопшти денеска заменик-директорот на полицијата Јоже Сеница, јави МИА.

„Зголемување на бројот на илегални мигранти на балканската рута е забележано во последните две седмици. Во акцијата, која ќе трае до петок, полицијата ќе ги користи сите расположиви технички средства. Како и досега, ќе и помагаат припадниците на армијата“, рече Сеница.

Полицијата ќе го интензивира надзорот на делови од границата кои се во надлежност на полициските управи на Љубљана, Ново Место и Копер, кои инаку најмногу се изложени на нелегалните премини.

XS
SM
MD
LG