Достапни линкови

Осум починати и 241 новозаразени од коронавирусот


Илустрација - Клиника за инфективни болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 241 нови случаи на заразени од коронавирусот од направени 1.700 тестирања, а починати се осум пациенти, соопшти денеска министерот за зравство Венко Филипче на социјалната мрежа Фејсбук.

Најголем број од новите случаи се во главниот град Скопје каде 73 лица се позитивни на коронавирусот, па потоа следуваат Штип со 60, Тетово 32, Гостивар 14, Куманово 10, Кочани 8, Гевгелија 6, Свети Николе 5, Прилеп 5...

Од починатите пациенти, по двајца се од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравено лице.

Досега во земјата се направени вкупно 84.916 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 9.026, бројката на оздравени пациенти е 4.727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.885.

XS
SM
MD
LG