Достапни линкови

Во Хрватска 116 новозаразени од коронавирус, 244 во БиХ


Илустративна фотографија.

Во изминатите 24 часа во Хрватска регистрирани се 116 новозаразени од коронавирусот, додека бројот на активно болни изнесува 1.204, што е за 12 лица повеќе во однос на изминатиот ден, соопшти Националниот центар за цивилна заштита. Меѓу заболените, 139 се на болничко лечење, а 8 пациенти се приклучени на респиратор.

Четврти ден нема починати пациенти, со што бројот на жртви останува 120. Вкупниот број на заразени во Хрватска изнесува 4.253, од нив 2.929 се оздравени, додека во самоизолација моментално се наоѓаат 4.507 лица.

Истовремено денеска во БиХ беше објавено дека во изминатото деноноќие регистрирани се 158 почитивни на коронавирусот од тестирани 1.044 случаи, а пријавени се и двајца починати пациенти.

Од избувнувањето на пандемијата во БиХ потврдени се 4.450 лица заразени од коронавирусот.

XS
SM
MD
LG