Достапни линкови

Нови 11 починати и 351 заразени со коронавирус во Србија


Пациент во болницата во Ужице

Поради растот на бројот на заболени, носењето маски на отворено ќе биде задолжително во цела Србија ако не е можно да се држи дистанца од еден и пол метар.

Во изминатите 24 часа во Србија починаа 11 луѓе од последици на коронавирусот, додека се регистрирани 351 нови случаи во земјата.

Бројот на починати достигна 429. Досега во земјата се регистрирани 19334 заболени. Хоспитализирани се 234 пациенти, а 169 се на респиратор.

Поради растот на бројот на заболени, носењето маски на отворено ќе биде задолжително на територијата на цела Србија во околности во кои не е можно да се држи дистанца од еден и пол метар, одлучи денеска Кризниот штаб. Забранети се и собири на повеќе од 10 лица, без разлика дали е на отворено или во затворен простор.

XS
SM
MD
LG