Достапни линкови

Втор ден гласање на предвремените парламентарни избори


Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија, 13 јули 2020

Денеска на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија гласаат болните, луѓето што се во затвор, се приведени или се сместени во старечки домови. Бројот на болните и немоќните изнесува 8.852, бројот на лицата во 13 Казнено-поправни установи е 1.657 и шест внатрешнораселени лица. Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

Брнс: Се надевам дека мерките ќе ги охрабрат граѓаните да гласаат

Вчера гласаа лицата заразени со ковид-19 и оние кои се изолирани заради коронавирусот. Вкупно 723 од нив го искористиле правото на глас во рамки на вчерашното гласање, информираше Државната изборна комисија. За гласање до ДИК се пријавиле 823 луѓе, од нив се прифатени барањата на 759 луѓе. Од нив 36 не го искористиле правото на глас. Главниот ден на изборите за повеќето од запишаните 1.814.263 гласачи е на 15 јули, среда, а гласањето е продолжено за два часа и ќе се одржи од 7 до 21 часот. На претходните избори гласањето завршуваше во 19 часот.

XS
SM
MD
LG