Достапни линкови

Филипче ќе го потпише КОВАКС механизмот за пристап до вакцина против коронавирус


Венко Филипче / Venko Filipce

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја потпише необврзувачката изјава за намери за приклучување кон КОВАКС механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19.

Владата на денешната седница го овласти Филипче да ја потпише изјавата и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.

КОВАКС механизмот е договор на Светската здравствена организација и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација со сите потенцијални пронаоѓачи на вакцина, кога ќе бидат подготвени да ја дистрибуираат вакцината низ земјите потписнички рамномерно, додека не стигнат до 20 проценти од популацијата.

XS
SM
MD
LG