Достапни линкови

Во Бугарија најавено продолжување на антивладините протести


антивладини протести во Софија

Илјадници Бугари вчера одржаа четврти протести во Софија и неколку други градови против корупцијата во владата и најавија дека повеќе слични митинзи се закажани за денеска пред да биде одржан нов протест низ целата земја подоцна во текот на оваа недела. Илјадници луѓе го исполнија центарот на Софија во близина на претседателството и Советот на министри барајќи оставка на конзервативната влада. Протести имало и во Бургас, Пловдив, Варна, Благоевград и Габрово, пренесува Радио Слободна Европа.

ЕУ ги поддржува Хрватска и Бугарија во првиот чекор за влез во еврозоната

Протестите беа предизвикани од рацијата на 9 јули од страна на јавното обвинителство во кабинетот на претседателот Румен Радев. Во рамките на акцијата беа задржани на сослушување секретарот за борба против корупцијата и советникот на Радев за безбедност и одбрана, а нивните канцеларии беа претресени како дел од две одделни истраги за влијанија и откривање на државни тајни. Тоа предизвика лутина во јавноста и доведе илјадници демонстранти на улиците на Софија за да ги осудат рациите како напад на владата и на јавниот обвинител врз Радев.

XS
SM
MD
LG