Достапни линкови

ЕУ ги поддржува Хрватска и Бугарија во првиот чекор за влез во еврозоната


илустрација

Официјални претставници на еврозоната се подготвени да им дозволат влез на Хрватска и Бугарија во механизмот ЕРМ-2, прелиминарна фаза за усвојување на еврото како нивна валута во следните три години, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извори во ЕУ. Овој потег ќе го отвори патот за првото проширување на еврозоната од 2015 година, кога Литванија му се приклучи на валутниот блок, кој сега брои 19 членки.

Состанок на Евро-групата за предизвиците од ковид-19

Европските официјални претставници велат дека одлуката веќе била донесена по последната поддршка од еврозоната и од министрите за финансии на ЕУ, кои во овие два дена одржуваат видео конференции. Одлуката најверојатно ќе биде објавена за време на викендот, за да се спречат шпекулациите на пазарот. Откако државите ќе се приклучат на ЕРМ-2, тие остануваат во тој механизам околу две години пред да започнат со практичните подготовки за влез во еврозоната, процес што трае приближно уште една година, со што 2023 година е најраната година за нивно членство во еврозоната.

XS
SM
MD
LG