Достапни линкови

Предметите на СЈО тема на нова аудио „бомба“ за Заев


На интернет утрово беше објавено ново нелегално снимено аудио, на кое како што пренесуваат дел од медиумите, станува збор наводно за „судски комбинации“ на предметите на СЈО. Во краткото аудио од две минути објавено на јутјуб каналот „ Да се слушне вистината“ наводно се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев кој зборува дека „ќе паднат “ предметите „Попис“ каде што беше осомничен лидерот на ДУИ Али Ахмети, потоа „ Талир 2“ предмет кој се однесува на незаконско финансирање на сега опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, како и предметот „Поштенска Банка“.

Според она што се слуша во разговорот, наводно Заев објаснува за дел од измените на законот за обвинителство каде што „бомбите “има рок на употреба до 30 јуни 2017 година, со што во живот остануваат само 18 предмети на СЈО.

На овој канал „ да се слушне вистината“ ова е прво објавено незаконски снимано аудио, додека на други канали во изминатиов месец за време на изборната кампања беа објавени дестина разговори на кои се слушаат гласовите на политичари од власта и опозицијата.

Нови „бомби“ за Јанушев и за списоци од Телеком

Заев-опозицијата се обидува да ме инволвира во разговори меѓу трети лица

XS
SM
MD
LG