Достапни линкови

Трамп го ослободи Стоун


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ со кој се намалува затворската казна на неговиот долгогодишен политички довереник и советник Роџер Стоун. Тој беше осуден на три години и четири месеци казна затвор поради лажење во Конгресот, односно поради спречување на истрагата и неточно сведочење за кампањата на Трамп која се одвиваше во 2016 година.

Одлуката на Белата Куќа дојде на само неколку дена пред Стоун да треба да се пријави во затворот за одлежување на казната.

„ Роџер Стоун веќе многу страдашање. Тој беше жртва на руска измама. Тој беше третиран многу неправедно, како и многу други во овој случај. Стоун е сега слободен човек“, се вели во соопштението од Белата куќа.

Во него меѓу другото е наведено дека обвиненијата кои ги покрена Специјалниот обвинител Роберт Мулер, кој го истражуваше руското влијание и мешање во изборите две години, се само „ производ на невнимателност раководена со фрустрации и злоба“.

Во изјавата на Белата Куќа е наведено дека не постојат докази, и затоа обвинителите не можеле да го обвинат Стоун за какво били кривично дело повразно со нивната истрага.

XS
SM
MD
LG