Достапни линкови

Оксфам: ковид-19 носи голема глад во светот


илустрација

Глобалната организација за борба против сиромаштијата Оксфам ја повика меѓународната заедница итно да преземе акција за да стави крај на кризата со глад поврзана со влијанието на пандемијата на коронавирус, предупредувајќи дека може да доведе до смрт на најмногу 12,000 луѓе секој ден.

Во извештајот објавен на 9 јули, Оксфам истакнува дека дополнителни 121 милиони луѓе би можеле да бидат турнати на работ на глад оваа година, зголемување за 82 проценти од лани, бидејќи пандемијата предизвикува масовна невработеност, нарушување во производството на храна и набавки и опаѓање на хуманитарната помош.

Ковид-19: добра превенција и лоша економија

„Пандемијата со ковид-19 додаде масло на огнот на веќе растечката криза со глад“, се вели во извештајот во кој се додава: „Ковид-19 е последниот товар за милиони луѓе кои веќе се борат со влијанијата од конфликтот, климатските промени, нееднаквоста и нарушениот систем на храна што осиромаши милиони работници“.

"Бидејќи пандемијата се шири низ целиот свет, „оние на врвот продолжуваат да остваруваат профит“, вели привремениот директор на Оксфам Чема Вера, додавајќи дека „осум од најголемите компании за храна и пијалаци им исплатиле над 18 милијарди долари на акционерите од јануари ... десет пати повеќе од она што е потребно за да престанат луѓето да гладуваат“.

Коронавирусот ќе предизвика години на немири и глад во најсиромашните земји

Во извештајот се идентификуваат 10 „жаришта на глад“ каде кризата со храна е најтешка и се влошува како резултат на избувнувањето: Јемен, Демократска Република Конго, Авганистан, Венецуела, Западна Африка, Етиопија, Јужен Судан, Сирија, Судан, и Хаити. Заедно, тие имаат 65% од луѓето кои гладуваат на глобално ниво.

XS
SM
MD
LG