Достапни линкови

Дука: Зголемена бројка на заразени во Дебар поради непочитување на мерките


Поглед на општина Центар Жупа и Дебар

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука денеска изјави дека предупредил оти бројката на новозаразени ќе се зголемува откако во последното деноноќие се регистрирани нови 6 случаи, а во изминатите шест дена вкупно се дијагностицирани 19 лица. Во Дебар во моментов има 57 активни случаи.

„Предупредив дека бројот на новозарзени со КОВИД-19 ќе се зголемува, што е последица на олабавувањето на мерките и непочитувањето на мерките и протоколите, како од страна на граѓаните така и од деловните субјекти. Бројот на заразени е повисок споредено со првата фаза кога имавме 51 заразени“, изјави Дука.

Нови 115 случаи на коронавирус, 7 починати и 40 оздравени

Тој апелира на строго почитување на мерките. Од почетокот на пандемијата, односно појавата на првиот случај, на 26 февруари, до сега вкупниот број на заразени е 109 лица, од нив тројца од Центар Жупа. Битката со опасниот вирус ја добиле 48, починале четворица, а активни на болеста се 57 лица, од нив седуммина болнички се лекуваат во здравствени установи во Скопје.

XS
SM
MD
LG