Достапни линкови

Бројот на корона-позитивни во САД се искачи над 3 милиони


Илустрација - Пункт за тестирање за Ковид-19 во Масачусетс, 2 јули 2020

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, а се повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи. На сојузната држава Флорида ѝ се заканува недостиг од болнички кревети во единиците на интензивна нега, јави Ројтерс.

Калифорнија, Хаваи, Ајдахо, Мисури, Монтана, Оклахома и Тексас денеска забележаа рекорден број на новозаразени, со најголем скок во двете најголеми американски сојузни држави – Тексас и Калифорнија, со над 10.000 нови случаи во еден ден. Само во Тексас бројот на хоспитализирани пациенти во две недели е двојно поголем.

Поради ширење на заразата се повеќе Американци се тестираат за ковид-19 во градските подрачја на Флорида, Луизијана и Тексас, каде се отворени дополнителни пуктови за тестирање.

XS
SM
MD
LG