Достапни линкови

Германија потроши над милијарда евра на американските трупи


американски војници во Германија, архивска фотографија

Германската влада потроши повеќе од милијарда американски долари во текот на изминатите десет години за стационирање на американската војска на нејзина територија, соопшти Министерството за финансии како одговор на пратеничкото прашање од пратеничката на Левицата Бригита Фрајхолд. Германија е седиште за американските операции на Блискиот исток и Африка.

Столтенберг: САД ќе се консултира со НАТО за намалувањето на силите од Германија

Во минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наредил големо намалување на силите во Германија, од околу 34.500 војници на 25.000. Германија не е информирана за овој потег на Трамп, кој тврди дека Германија не плаќа доволно за својата одбрана.

XS
SM
MD
LG