Достапни линкови

Столтенберг: САД ќе се консултира со НАТО за намалувањето на силите од Германија


Шефот на НАТО Јенс Столтенберг

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Соединетите држави имаат намера да се консултираат со сојузниците за плановите за повлекување на американските сили од Германија. Столтенберг говорејќи пред новинарите по состанокот на министрите за одбрана на Алијансата, рече дека американскиот министер за одбрана Марк Еспер разговарал со сојузниците на НАТО преку видео конференција и посочил дека Вашингтон ќе се консултира со нив за следните чекори на планираното решение.

Tрамп го потврди намалувањето на американските сили во Германија

Претходно овој месец, американскиот претседател Доналд Трамп изненади многу сојузници кога најави план за намалување на трупите со седиште во Германија за третина, на 25.000.

XS
SM
MD
LG