Достапни линкови

Макрон го разреши министерот за внатрешни работи


Францускиот претседател Макрон и разрешениот премиер Едуард Филип, мај 2020.

Францускиот претседател Макрон го отпушти министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, како дел од поголема реконструкција на кабинетот, по протестите за полициската бруталност. Макрон го именуваше поранешниот министер за буџет, Герлад Дарманин, на местото на Кастанер, кој беше критикуван за полициските акции против демонстрантите. Мкрон исто така ги смени министрите за правда и екологија.

Франција доби нов премиер

Овој потег доаѓа неколку дена откако Макрон го разреши премиерот Едуард Филип, кој ја водеше својата влада во текот на трите години од неговото претседателствување.Макрон изјави дека Франција мора да „создаде нов пат“ за да се справи со меѓународните пресврти и кризи што ги доживува нацијата. Кандидатите на Зелените освоија шест најголеми градови на општинските избори пред десетина дена. Мандатот на Макрон завршува во 2022 година и тој се уште на кажа дали повторно ќе се кандидира.

XS
SM
MD
LG