Достапни линкови

Франција доби нов премиер


Жан Кастекс

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го назначи Жан Кастекс за наследник на Едуар Филип, кој утринава поднесе оставка на функцијата. Последната функција на Жан Кастек се однесуваше на спроведувањето на мерките за излегување од изолација, што беа воведени со епидемијата на Ковид-19, пренесе АП.

Жан Кастекс (55) завршил студии на ЕНА (Националната школата за администрација). Работел во Судот за ревизори, бил заменик секретар на претседателството на Републиката во периодот меѓу 2011 и 2012 година, кога Никола Саркози бил претседател. Во првиот круг од општинските избори, што се оддржаа на 15 март, Кастекс беше реизбран за градоначалник во Прадес, град во источните Пиренеи.

XS
SM
MD
LG