Достапни линкови

ЕУ со нова стратегија за помала употребата на пестициди


Илустрација

ЕУ планира со нова стратегија да ја намали употребата на пестициди за 50 отсто, а европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчеховски истакна дека увозот на производи третирани со пестициди, што се забранети во Европа, не треба да биде дозволен.

Земјоделците од државите членки на ЕУ се соочуваат со потешкотии да најдат активни супстанции и производи за заштита на растенијата и увезуваат производи од други земји, што се третирани со исти хемикалии, но се забранети во ЕУ.

Пристапот на ЕУ кон стандардите за храна и заштита на животната средина придонесе земјоделството да претставува пречка во трговските договори, најмногу со САД.

XS
SM
MD
LG