Достапни линкови

ЕК предлага стратегија „Од фарма до виљушка“


Европската Комисија денеска ја објави стратегијата „Од фарма до виљушка“ за поодржлив прехранбен систем во Европската Унија, јави МИА од Брисел. Стратегијата “Од фарма до виљушка“ (Ф2Ф) предвидува, меѓу другото, намалување на употребата на пестициди и антибиотици за 50 отсто во земјоделската активност и постигнување на 25 отсто на земјоделско земјиште посветено на органскиот начин на производство на храна во ЕУ.

Европската Комисија се надева дека новите препораки за земјоделството и исхраната ќе овозможат транзицијата кон одржлив европски прехранбен систем кој ќе овозможи и безбедност на храната, и поздрава исхрана на европските граѓани. За оваа цел земјоделците и рибарите ќе добијат посебна поддршка од заедничката земјоделска политика на ЕУ преку еко-фондови за транзиција кон поодржлив начин на практикување на нивната работа. Истовремено, Комисијата денеска ја презентираше и својата стратегија за биодиверзитетот.

XS
SM
MD
LG