Достапни линкови

Меркел и Макрон организираат самит Приштина - Белград


Емануел Макрон и Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, на 10 јули ќе организираат видео самит на претставниците на Белград и Приштина, јави агенцијата АФП. Самитот беше најавен уште во март, но не се одржа поради коронавирусот.

Германското министерство за надворешни работи соопштило дека повторно воспоставување на политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, како и други прашања за Западен Балкан, треба да се случат без одлагање. Истовремено, тие порачале и дека Специјалниот суд за Косово ја има целосната поддршка на владата на Германија, но и дека меѓународната заедница, вклучувајќи ја и Германија, јасно очекува дека Косово ќе ја почитува и поддржува работата на таа институција.

XS
SM
MD
LG