Достапни линкови

Дијалогот Белград-Приштина се рестартира од јули


Знамето на ЕУ и на Србија

Европската унија потврди дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина, кој е замрзнат од 2018 година, повторно ќе започне во текот на наредниот месец.

„ЕУ е посветена да продолжи целосно ангажирано да работи на рестартирање на дијалогот, за тоа најдобар доказ е назначувањето на Специјалниот претставник, Мирослав Лајчак, кој изминативе денови беше во Приштина и во Србија, и како резултат на неговите контакти и активност, дијалогот би требало да се рестартира во јули“, рече портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел.

Според Стано, точниот датум ќе биде соопштен подоцна.

Косово отворено за дијалог, Тачи очекува решение годинава

XS
SM
MD
LG