Достапни линкови

Нови 115 случаи на коронавирус, 7 починати и 40 оздравени


Луѓе со заштитни маски. Илустрација.

Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19. Од нив 53 се во Скопје, потоа 13 во Струга, по 8 во Тетово и Охрид, 5 во Гостивар, 6 во Дебар и Прилеп, во Гостивар 5, по 4 случаи Куманово и Кичево, 2 во Ресен и по 1 заразен во Пробиштип, Свети Николе.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 40 оздравени лица. Како што соопшти Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ починале пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Почина лекар од Тетово заразен со коронавирус

Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.

XS
SM
MD
LG