Достапни линкови

Почина лекар од Тетово заразен со коронавирус


Градска општа болница 8-ми Септември Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во болницата „8 Септември", на 64 годишна возраст, починал Арификмет Деари, уролог од Тетово. Докторот, како што наведува министерот, бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но бил и позитивен на ковид-19.

„По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста. Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство“, напиша Филипче на Фејсбук.

Воедно тој апелира до сите здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Филипче упатува и апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.

Нови 147 случаи на коронавирус, починати 6, а оздравени 111 лица

XS
SM
MD
LG